Дома Фудбал Италија Соиграчот потврди: Пандев уште една година во Џенова

Соиграчот потврди: Пандев уште една година во Џенова

Горан Пандев после одигрувањето на ЕУРО се прости од македонската репрезентација, но не најави пензионирање.

Пандев моментално е без договор, а за неколку дена ќе наполни 38 години, но неговиот соиграч од Џенова, Франческо Касата потврди дека Македонецот сака да игра уште една година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Со Пандев имам специјален однос, посакувам да остане. За мене тој е како татко. Тој е феноменален во советите и во тоа да им помага на помладите. Од тоа што го разбрав тој сака да одигра уште една сезона и да се прости со фанови на стадионот. Сите во Џенова сакаме Горан да остане“, изјави Касата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус постави две сериозни имиња за следната сезона

Јувентус се стреми да го зајакне средниот ред пред почетокот на следната сезона. “Га…