Поранешниот англиски репрезентативец Дени Милс смета дека во овој момент Жозе Мурињо би бил најдобро решение за Њукасл.
Еуфоријата во Њукасл не стивнува откако еден од најбогатите луѓе на планетата, принцот од Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман го купи клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од официјализирањето на соработка констатно со Њукасл се поврзуваат познати тренерски имиња: Конте, Ралф Рагник, Лампард, Џерард…Сепак, Дени Милс смета дека најдобро решение за нив е Мурињо кој во овој момент е во Рома.
„Во ваква ситуација ако имате богати сопственции кои имаат пари за да создадете тим за успех, секогаш би се одлучил за Мурињо. Ако му дадете доволно пари и го оставите да работи како што тој знае тогаш сигурно е најдоброто решение за што побрзо да остварите успех“, изјави Милс.
Сепак, во овој момент не изгледа реално Мурињо да ја напушти Рома.