Еминентниот француски весник „Екип“ открива дека авантурата на Весли Снајдер во Ница е при крај и дека Холанѓанецот наскоро ќе го напушти францускиот клуб.
Според сознанијата на „Екип“ следната дестинација на Снајдер ќе биде Лос Анџелес Галакси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
33-годишниот плејмејкер минатото лето пристигна во Ница од Галатасарај, каде помина четири години и освои вкупно 8 трофеи во Турција.
Снајдер своите најдобри денови ги помина во Интер каде беше еден од најважните фудбалери на тимот од Мурињо кој ја освои тројната круна.
Тој е рекордер по бројот на настапи за холандската репрезентација (133), играше на три Светски и три Европски првенства.