Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер го откри начинот на кој бил „избркан“ од Реал Мадрид и дека нема добри спомени од „кралскиот“ клуб.
„Најлошиот дел од мојата кариера беше кога се збогував од Реал Мадрид. Заминав во теретана, а потоа дојдов до својот плакар кој беше празен. Потоа бев со претседателот на разговор, а тој не ми даде шанса ништо да кажам, туку ми порача дека не сум им во плановите и сакаат да ја освојат Лигата на шампиони. Бев разочаран и изненаден“, открива Снајдер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Снајдер изјави дека имал потенцијал да биде на исто ниво со светските мегаѕвезди Кристиано Роналдо и Лионел Меси.
„Можев да бидам како нив, но едноставно не сакав. Уживав во животот и можев да пијам чаша вино на вечера. Лео и Кристиано се различни. Тие жртвуваа многу за нивниот успех. Но, мојата кариера совршено ми одговара. Беше одлично“, изјави Снајдер.