Легендарниот Весли Снајдер неодамна ја заврши кариерата, а денеска се појави во Монако на извлекувањето за групните фази во ЛШ.
Тој на кратко за Скај Спорт зборуваше за своите фаворити за освојување на новото издание на ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко е да се каже што ќе видиме оваа сезона бидејќи таа се уште не започнала, па затоа имам некои сомневања, но судејќи по претходната сезона би рекол дека Ливерпул и Барселона се фаворити.“ – изјави Снајдер.
Весли потоа зборуваше за Интер, екипата со која во 2010. година ја освои ЛШ.
„Интер напредува, започнаа добро со Конте и донесоа суперѕвезди како Лукаку. Му посакувам на Интер се најдобро и се надевам дека ќе имаат одлична сезона, во Серија А и ЛШ.“