Дома Фудбал Снајдер: Италија е фаворит за освојување на Европското првенство

Снајдер: Италија е фаворит за освојување на Европското првенство

Денес стартуваат натпреварите од осминафинбалето на Европското првенство, а за Весли Санјдер Италија е селекцијата која може да стигне до пехарот.

Италија можеби и покажа најмногу во групната фаза. „Аѕурите“ осминафиналето го обезбедија со три победи и без примен гол, а вечерва нивни противник ќе биде Австрија.

Снајдер верува дека Италија може да оди до крај.

„За мене Италија е фаворит за титулата. Играат фудбал кој ме убедува дека се најдобри и навистина многу напредуваа досега“, изјави Снајдер.

Не само на ЕП Италија во страшна форма е од претходно, тие се без пораз на последните 30 натпревари, а немаат примено гол на последните 11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓул влезе од клупата и ја реши Астон Вила – Галатасарај славеше со 1-0!

Дениз Ѓул погоди со глава во 77. минута за победа на Галатасарај. Астон Вила имаше повеќе …