Дома Фудбал Останато Снајдер го советува Ајакс: Избркајте го Тадиќ

Снајдер го советува Ајакс: Избркајте го Тадиќ

Холандскиот гигант Ајакс поминува низ голема криза во која тимот е без победа веќе седум натпревари и во таква ситуација тренерот Алфред Шродер доби отказ.

Шродер дојде како наследник на Ерик Тен Хаг, но не се прослави. Легендата на холандскиот фудбал, Весли Снајдер сепак смета дека Ајакс пред да доведе замена за Шродер треба да го избрка Тадиќ.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Прво што треба да го направат е да се ослободат од Таиќ“, истакна Снајдер, а го критикуваше и Едисон Алварез.

„Не сум фан на Алаварез. Минатата недела кажав нешто лоши и за Санчез. Мојот инбокс е преполн со Мексиканци, не беа среќни. Не знам дали таму можат да ги гледаат натпреварите на Ајакс. Ако можат нека ги гледаат, па потоа ќе разговараме. Двајцата се очајни. Зарем не?“, запраша Снајдер.

Инаку, во медиумите како фаворит за клупата на Ајакс во овој момент се споменуваше хрватскиот селектор Златко Далиќ. (ТУКА)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…