Во рамки на Суперкупот на Шпанија ќе се состанат Реал Мадрид и Барселона во првото „Ел Класико“ оваа сезона, а на првиот меч нема да настапи Лука Модриќ.
Во првиот меч кој се игра во Барселона, Модриќ нема да игра бидејќи е суспендиран, а таа суспензија ја заработи, верувале или не, пред три години.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според пропозициите на ова натпреварување, доколку заработите црвен картон, суспензијата важи само за натпреварот од тоа натпреварување.
Лука го заработи црвениот картон во мечот против Атлетико Мадрид во 2014. година и имајќи предвид дека ова е прв меч на Реал во Суперкупот на Шпанија оттогаш, хрватскиот интернационалец ќе мора да си ја отслужи казната сега.