Црвена Звезда во 1991 година го освои Купот на европските шампиони или денешната Лига на Шампиони. Еден од најзаслужните за тој трофеј на Звезда беше и нашиот Дарко Панчев.
Панчев го имаше одлучувачкиот момент во финалето. Откако резултатот беше нерешен после 120 минути се пристапи кон изведувањето на пенал, а пенал рулетот го реши Панчев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска легенда доби прилика да го решава натпреварот и се чекаше неговиот гол за ерупција помеѓу црвено-белите навивачите. Дарко не разочара, беше сигурен и ја израдува Југославија.
„Не знам што да кажам, толку сме уморни и психички и физички…Ова е најсреќниот ден во мојот живот, дадов безброј голови и од тешки и од лесни позиции, но ова ми е навистина најдрагиот гол во кариерата. Мислам дека и ние играчите уште не сме свени што направивме. Да се освои европскиот куп на Шампиони е нешто најголемо кое секој играч може да го посака“, кажа помеѓудругото Панчев.
Слушнете ја во целост неговата изјава: