Дома Останати Кошарка Случај „Меси“ во кошаркарскиот тим на Барселона: Си заминува најголемата ѕвезда?

Случај „Меси“ во кошаркарскиот тим на Барселона: Си заминува најголемата ѕвезда?

Проблематичната финансиска ситуација во Барселона почнува да прави проблеми и во кошаркарскиот клуб, барем според информациите на шпанските медиуми.

Денес „АС“ во своето ново издание пишува дека Барселона поради финансиите би можела да остане и без првата ѕвезда во кошаркарскиот тим, Никола Миротиќ. Како што е познато слично сценарио видовме во фудбалскиот тим на Барселона од каде што си замина Меси.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наводно разговорите помеѓу Миротиќ и Лапорта во кои кошаркарот треба да прифати намалување на платата се влезени во ќорсокак.

Се пишува дека Барселона се обидела да му ја намали платата на Миротиќ, но тој одбил такво нешто. Ако нема договор за намалување на платата многу лесно може да се случи соработката да биде раскината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …