Словенија одигра фантастична партија против фаворизираната Норвешка, но немаше сила за сензација и загуби 26:23.
Фаворитот долго се мачеше со Словенија која имаше огромна поддршка од публиката во „Стожице арена“, но на крајот сепак квалитетот дојде до израз.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Мечот беше израмнет од самиот почеток, а на полувреме Норвешка замина со гол предност (16:15).
И во второто полувреме, се играше гол за гол. Во финишот до израз дојде искуството и квалитетот на Норвежанките, па во последните две минути ја решија средбата во своја корист.