Дома Останати Кошарка Евробаскет Словенија продолжува со успешната серија: Трета победа на Евробаскетот

Словенија продолжува со успешната серија: Трета победа на Евробаскетот

Репрезентацијата на Словенија ја оствари и третата победа на Европското кошаркарско првенство.

Словенија во натпревар од 3.коло на шампионатот ја совлада Грција со 78-72.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


До овој триумф Словенците ги предводеа Горан Драгиќ и Лука Дончиќ кои заедно постигнаа 42 поени. Дончиќ средбата ја заврши со 22, а Драгиќ со два помалку (20).

Во првиот натпревар од А групата чиј домаќин е Хелсинки, селекцијата на Франција убедливо го победи Исланд со 115-79.

Словениците се лидери на табелата со три победи, пред Франција која има две. Можност за втора победа ќе има и ко-домаќинот Финска кој вечерва игра против Полска.

Досега се одигра и еден натпревар во Б група во Тел Авив, каде Украина со 88-81. За Украинците ова беше прва победа на шампионатот, а Грузијците го претрпеа вториот пораз.

Во оваа група денеска се играат и средбите Литванија – Италија и Германија – Израел. Досега селекциите на Италија и Германија немаат пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…