Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски минатата сезона го спасија Тетекс од испаѓање, па затоа ќе го предводат и наредната сезона во Втората лига запад.
Тетекс на социјалните мрежи потврди дека двајцата остануваат во клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ве известуваме дека шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски и следната сезона ќе го предвода тимот на Фудбалскиот клуб Тетекс – Тетово. Соработката се постигна на обострано задоволство, бидејќи заедничката цел во претходната сезона ја постигнавме и токму поради нив. Со огромна задоволство сакаме да ја споделиме веста дека во клубот остануваат Коста Богоевски (кондициски тренер), Миле Спировски (тренер на голмани) и Ивица Пејовски (физиотерапевт)“, стои во клупското соопштение.