Легендата и еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс не сака да го споредуваат тинејџерот Коби Маино со него.
„Прочитав за некои споредби меѓу него и мене. Не трошете време, тој е десетпати подобар од мене кога имав 19 години. Го сакам начинот на кој ја прима топката, неговата смиреност, свесност аза тоа што се случува околу него на теренот. Се разбира тука се и головите на важните натпревари. Тоа момче е посебно, кажа тогаш Сколс на Инстаграм.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Маино е нешто најблиску до Зидан што сум го видел, кога станува збор за превземање на топката, примањето на топката и дриблингот, за играчи на средината од теренот. За Маино слушнав кога ми кажаа дека има некое дете кое на тренинзите му задава проблеми на Каземиро, честопати излегува дека е подобар од него“, изјави сега Сколс.