Дома Фудбал Италија Скарони најави: Милан ќе гради нов стадион!

Скарони најави: Милан ќе гради нов стадион!

Претседателот на фудбалскиот клуб Милан, Паоло Скарони најави денес дека Милан ќе има нов стадион за три години.

Милан и градскиот ривал Интер своите натпревари ги играат на стадионот „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Се надеваме дека новиот стадион ќе биде завршен 2024-2025. Со изградба би требало да започнеме кон крајот на следната година. Со оглед дека тоа ќе биде 2022 година, додаваме две години работа и тоа е 2024. Меѓутоа се уште е рано за давање распоред“, изјави Скарони.

Во Италија само четири клубови имаат сопствени стадиони – Јувентус, Аталанта, Сасуоло и Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити официјално го претстави Донарума

Повеќе од недела откако беше објавено дека Џанлуиџи Донарума ќе се приклучи на Манчестер С…