
Хрватскиот репрезентативец и член на Ливерул Дејан Ловрен би можел да се најде во големи проблеми.
Имено, англиските медиуми денес пренесуваат дека се води истрага против Дејан Ловрен за кој се соменва дека лажно сведочел на судењето за Здравко Мамиќ.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Според пишувањето на медиуми, Ловрен е осомничен за давање лажни информации при распитот за неговиот трансфер од Динамо Загреб во Лион.
„Тhe Sun“ пренесува дека според законите во Хрватска на Ловрен му се заканува и казна од пет години затвор доколку биде докажано дека е виновен.
Иначе, Ловрен во своите искази тврдеше спорниот анекс е потпишан пред трансферот во Лион на кој му припадна 50% од трансферот, а обвинителството смета дека тој анекс е потпишан дополнително и адаптиран на ситуацијата.
Спорни се и двата различни искази на Ловрен, од кои првиот беше на штета на Мамиќ, а вториот во негова корист. Хрватот промената во исказот ја бранеше со следните зборови:
„Ми застана мосокот бидејќи мојата ќерка беше на операција“, беа зборовите на Ловрен.
Liverpool Star Dejan Lovren Facing Up to 5 Years in Prison Following Acc… #Liverpool https://t.co/0QgZfw1mpZ pic.twitter.com/LbpYHNSZJA
— LFC Report (@LFC_Fanly) January 1, 2018