Дома Фудбал Останато Скандал: Уапсен Бентнер – му ја скршил вилицата на таксист!

Скандал: Уапсен Бентнер – му ја скршил вилицата на таксист!

Контроверзниот дански фудбалер, Никлас Бентнер направи нов голем скандал синоќа во Копенхаген.

Бентнер физички нападал еден таксист, а колку бил сериозен нападот зборува фактот што човекот завршил со тешки телесни повреди.

Таксистот после нападот хитно е префрлен во болница, каде бил опериран бидејќи имал скршена вилица.

„Нашиот возач претрпе сериозни повреди. Случајот е пријавен во полиција и можеме да потврдиме дека нападот го изврши Никлас Бентнер“, потврдија од такси компанијата.

„Лордот“ веднаш бил уапсен од страна на полицијата, а за сега нема никакви комепнари од страна на неговиот клуб Розенборг, ниту од менаџерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Една фотографија на Салах направи хаос во Турција

Мохамед Салах со само една фотографија успеа да привлече огромно внимание кон едно место в…