Денес во македонскиот фудбал се играа натпревари од првата и втората лига, а скандал се случил пред натпреварот на ФК Беласица.
Имено, како што објави клубот, фудбалерите на струмичкиот клуб биле нападнати пред почетокот на натпреварот на гостувањето против ФК Локомотива Пехчево.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица.
Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!
Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!“, објавија од клубот.
Фото: ФК Беласица