Неколку углени светски медиуми дојдоа до шокантни документи кои се наводно доказ за измама во која е вклучена и самата ФИФА.
Според документите до кои дојде меѓу останатите и германски „Шпигел“ може да се заклучи дека на ПСЖ во изминатите години и тоа како му е олеснет патот во самиот европски врв.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ веќе неколку години неконтролирано троши пари, но со некое чудо успева да избегне санкции поради кршењето на Финансискиот фер-плеј, иако се шпекулираше дека е многу блиску да биде жестоко казнет.
[#ÉditionSpéciale] Le PSG et le Qatar fraudent, l'UEFA couvre.
Cette nouvelle saison des #FootballLeaks représente la plus grande fuite de l’histoire du journalisme. 70 millions de documents ont été analysés pendant 8 mois par 15 médias @EICnetwork ➡️ https://t.co/xunhXIwtxa pic.twitter.com/EFcmMmsJaM
— Mediapart (@Mediapart) November 2, 2018
Документите ги анализираше и француски „Медиапорт“, а во нив стои дека богатите сопственици на ПСЖ во клубот „вбризгале“ 1,8 милијарди евра и дека клубот силно ги нарушил правилата на ФФП, но дека лично претседателот на ФИФА Џани Инфантино и некогашниот претседател на УЕФА Мишел Платини се погрижиле да ги затаат незаконските работи на парискиот клуб. На тој начин му помогнале на ПСЖ да не биде избркан од сите европски натпреварувања.
Breaking | Football Leaks Headline: Infantino & Platini covered up fraud on the part of PSG. More follows.
— Get French Football News (@GFFN) November 2, 2018
„Медиапорт“ пренесува дека постојат докази дека Инфантино со помош на посебен советник, поранешниот претседател на Франција Никола Саркози му овозможил на Манчестер Сити да биде само благо казнет од страна на УЕФА и покрај фактот што клубот од „Етихад“ ги нарушил правилата.
Станува збор за најголемото ширење на тајни фудбалски документи во историјата, односно 70 милиони страници кои се анализирани во претходните 8 месеци од страна на 15 угледни медиуми во Европа.