Контроверзна одлука во корист на старата дама, но уште по контроверзна беше реакцијата на фудбалерот на Киево…
Во Италија секогаш се крева прашина за судиските грешки…Киево во натпреварот против Јувентус после половина час игра остана со десетмина на тереннот исклучен беше Бастијен кој за две минути заработи два жолти картони. Ова исклучување беше сосема оправдано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Киево и со десетмина на теренот продолжи да одолева се додека не стигна второто исклучување. Искусниот Качаторе кој после одлуката на судијата да го испрати надвор поради укажување на лекарска помош ги стави рацете на грбот и гестикулираше апсење и лисици.
Судијата Фабио Марсека поради овој потег одлучи да го исклучи фудбалерот на домаќините.
Оваа ситуација сигурно ќе го обележи викендот во Италија, а Качаторе многу веројатно ќе добие и суспензија на повеќе месеци.
На крајот на овој натпревар Јувентус славеше со 0:2 со погодоците на Сами Кедира и Гонзало Игуаин.