Дома Топ вести Скандал во Шпанија: Познат фудбалер од Ла Лига уапсен за сексуален напад!

Скандал во Шпанија: Познат фудбалер од Ла Лига уапсен за сексуален напад!

Екипата на Валенсија не ја започна најдобро сезоната во Ла Лига, а клубот на Столе Димитриевски сега се соочува со проблем надвор од теренот.

Голтетерот Рафа Мир бил уапсен поради сексуален напад. Деталите во овој момент не се објавуваат во јавноста, меѓутоа „Кадена СЕР“ пишува дека бил уапсен изминатата вечер и ноќта ја поминал во затвор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Заедно со Мир обвинет е и негов пријател минатиот викен нападнале две девојки на 25-годишна возраст. Инцидентот се случил во куќата на фудбалерот, девојките случајот го пријавиле во полиција.

Од Валенсија не се огласиле, меѓутоа медиумите наведуваат дека Мир не тренирал со тимот утрово. Засега не е познато кога би бил повторно на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …