Фудбалерите на младата репрезентација на Словенија одбиваат да тренираат и да играат се додека на кормилото е селекторот Примож Глиха.
Младинските репрезентативци на Словенија ренаа бунт и со писмо побараа итно да биде сменет селекторот Примож Глиха, поради неговиот ужасен однос кон нив.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во федерацијата пристигнало протестно писмо од фудбалерите, упатено до директорот на националниот тим, Миран Павлин и секретарот, Мартин Козељ.
Писмото привлекло внимание на проблематичното однесување на селекторите, необичните системи за работа, како и навредите што ги добиле играчите на лична основа.
Најмногу од се внимание привлече делот каде Глиха им забранувал на играчите да јадат, па морале да играат против Унгарија со само еден оброк (јогурт и мусли).
Глиха решил да им ги одземе мобилните телефони на фудбалерите и наредил екраните на телевизорите во нивните простории во карантин да бидат покриени со фолии.
Глиха исто така побарал да има универзален клуч од собата за да ја отвори вратата во случај некој да ја затвори, ги забранил и друштвените игри меѓу репрезентативците.
Глиха и понатаму е на селекторската позиција, но после ова се претпоставува дека челниците на Федерацијата ќе му дадат отказ.