Македонија против Русија вчера одигра уште еден лош натпревар на Светското првенство, од самиот почеток Русите направија разлика и на крајот дојдоа до победа од 20:32.
Еден од најдобрите поединци кај Русија беше Димитриј Павалнко кој смета дека ако Македонија имала целосни подготовки работата ќе била поинаква.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Овој натпревар беше важен за двете репрезентации. Ние покажавме карактер и дојдовме до победата. Не смееме да заборавиме дека Македонците дојдоа во последен момент на СП. За нив се беше спонтано. Сигурен сум дека ќе одиграа многу подобро ако имаа нормално подготовки“, изјави Димитриј Павленко.
Во последниот натпревар на СП Македонија утре од 15:30 часотќ е игра против Белорусија.