Дома Трансфер зона Сити ќе прави уште промени: Заминуваат двајца, а пристигнува тандем од 150 милиони евра?

Сити ќе прави уште промени: Заминуваат двајца, а пристигнува тандем од 150 милиони евра?

Maнчестер Сити изгледа се уште не завршил со активностите во овој преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако заминаа Илкај Гундоган и Ријад Марез, Пеп Гвардиола го стопираше трансферот на Бернардо Силва, но затоа Жоао Кансело и Емерик Лапорта можат да заминат до крајот на преодниот рок.

Кансело преговара со Барселона, не е невозможно да замине на позајмица со право на откуп наредното лето. Португалецот веќе ги договори своите лични услови со Барса и се чека формулата за негов трансфер.

Лапорт има понуди од Саудиска Арабија, се споменуваше и Јувентус, но „старата дама“ нема намера да ги исполни барањата на Манчестер Сити.

Кога во прашање се засилувањата, Жереми Дока скока во прв план како замена за Марез, но Рен очекува понуда од 60 милиони евра. Исто така, според медиумите на Островот Сити испратил понуда од 75 милиони евра за Лукас Пакета, но Вест Хем ја одбил и се очекуваат преговори.

Ова значи дека ако Сити ги доведе Пакета и Доку ќе потроши околу 150 милиони евра. Ќе потсетиме, Сити претходно ги доведе Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол за кои потроши 125 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…