Барселона веќе подолго време е заинтересирана да го доведе Бернард Силва од Манчестер Сити, кој е најголема желба на Чави.
Португалецот има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Португалецот минатото лето се наоѓаше на излезни врати од „Етихад“, но Гвардиола го убеди да остане и Силва одигра одлична сезона.
Гвардиола неколку пати порача дека доколку некој не е среќен во тимот, нема потреба да го држи тука со сила. Поради тоа доколку Португалецот побара трансфер ќе му биде дозволено да замине за 75 милиони евра.
Барселона се надева дека со продажбата на Френки де Јонг ќе може да го финансира трансферот на Бернардо Силва.