Манчестер Сити и Интер се пласираа во полуфиналето откако ги елиминираа тимовите на Баерн Минхен и Бенфика.
Интер и Бенфика одиграа исклучително возбудлив меч на „Џузепе Меаца“, иако „нероаѕурите“ имаа предност од два гола од првиот меч.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Домаќините дојдоа во водство на стартот со прекрасниот гол на Барела, но Бенфика се врати во игра пред полувремето и израмни на 1:1.
Во вториот дел Интер и ја препушти топката на Бефика, одлично се бранеше и се закануваше преку контранапади. Лаутаро и Кореа погодија за сигурно водство од 3:1, а Антонио Силва на пет минти до крајот погоди за 3:2. Во последната минута Петар Муса ги постави конечните 3:3.
Манчестер Сити рутински ја одработи задачата во Минхен после високата победа во првиот меч. „Граѓаните“ и на гости оставија подобар впечаток, а во центарот на вниманието повторно беше Ерлинг Халанд.
Норвежанецот најпрво промаши пенал во првиот дел, а потоа постигна гол за водство од 0:1. Баварците израмнија од пенал преку Кимих во 83-та минута за конечни 1:1.
Haaland took the soul out of Upamecano’s body right therepic.twitter.com/GspPzc2M8S
— Dr Yash (@YashRMFC) April 19, 2023