Дома Фудбал Англија Сити го нокаутира Арсенал и се искачи на врвот🎥

Сити го нокаутира Арсенал и се искачи на врвот🎥

Арсенал и Манчестер Сити одиграа исклучително возбудлив натпревар на „Емиарти“, кој на крајот им припадна на гостите со 1:3.

Со оваа победа Манчестер Сити се искачи на врвот на табелата, со ист број бодови како Арсенал, но и напревар повеќе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сити дојде до водство со голот на Де Брујне во 24-та минута после големата грешка на Томиасу.

Во 42-та миинута судијата покажа на белата точка после стартот на голманот Едерсон над Нкетија, а сигурен реализатор од белата точка беше Сака, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел „граѓаните“ имаа иницијатива, повеќе ја посакуваа победата и создадоа повеќе шанси. Подобрата игра ја материјализираше со гол Грилиш за водство од 2:1, а неколку минути подоцна Халанд ги постави конечните 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…