Дома Трансфер зона Сите го преселија во Сити за рекорден трансфер, а тој се огласи од Белград

Сите го преселија во Сити за рекорден трансфер, а тој се огласи од Белград

Eден од фудбалерите за кои најмногу се пишува во последниот период е Јошко Гвардиол од редовите на Лајпциг кој би можел да стане најскапо платен дефанзивец во светот.

Последните информации на островските медиуми се дека Манчестер Сити понудил 100 милиони евра за репрезентативецот на Хрватска да го облече светло синиот дрес.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И додека се пишува каде би можел Гвардиола да продолжи, младиот фудбалер се јави со фотографија од Белград. Гвардиола објави фотографија во хипербарична комора и напиша.

„Време е за опоравување“.

Пред една недела Хрватот имаше операција на препоните, а поради повредата не играше и во финалето од Лигата на Нации со репрезентацијата. Претпоставките се дека Гвардиола работи со познатата докторка Маријана Ковачевиќ која соработувала со многу светски ѕвезди, но засега нема потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно доведува бесплатно засилување од Наполи?

Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Чувар…