Дома Фудбал Лига на шампиони Проблем за Гвардиола: Манчестер Сити без еден од најважните против Реал Мадрид?

Проблем за Гвардиола: Манчестер Сити без еден од најважните против Реал Мадрид?

Одличниот хрватски репрезентативец Јошко Гвардиол минатото лето пристигна во Манчестер Сити од РБ Лајпциг како едно од тие големи засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гвардиол им се приклучи на„Граѓаните“ со стаусот на еден од најдобрите светски дефанзивци, па беше „дебело платен“, а Сити за него издвои дури 90 милиони евра.

Гвардиола покажа дека сериозно смета на Хрватот во иднина, но последните информации за 22-годишниот фудбалер ги загрижија сите на „Етихад“.

Гвардиол одигра од првата минута на последниот натпревар на Сити против Кристал Палас во домашниот шампионат. Сепак, тој остана во соблекувалната на полувремето, додека Гвардиола даде повеќе информации за неговата состојба на крајот од натпреварот.

„Ќе видиме кои играчи ќе ги имаме на располагање против Реал Мадрид бидејќи и Јошко имаше мал проблем. Доби удар. Ќе видиме“, изјави шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…