Дома Топ вести Сите беа против него, а тој создаде моќен тим кој чекори кон историски успех!

Сите беа против него, а тој создаде моќен тим кој чекори кон историски успех!

alegri

Навивачите на Јувентус со голема скепса го дочекаа Масимилиано Алегри, а три години подоцна тој е нивниот идол кој ја води „старата дама“ кон историски остварувања.

Само ден откако Масимилиано Алегри стана тренер на Јувентус пред тренинг центарот се собраа неколку стотоци навивачи, но не да му посакаат добредојде. Алегри само неколку месеци порано доби отказ од Милан поради резултати кои не ги задоволуваа „росонерите“, а на клупата на „бјанонерите“ требаше да биде само привремено решение после шокантното заминување на Антонио Конте.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради тоа Алегри во 2014 година беше дочекан „на нож“. Конте кој беше обожуван од фановите во претходните три сезони освои три Скудета, па постоеше страв дека Алегри само ќе го растури неговото наследство. Додатен сомнеж беше неговиот однос со Андреа Пирло, тогаш клучен играч на Јувентус, кого Макс го избрка од Милан.

Меѓутоа, тој веќе во првата сезона ги замолчи сите критичари и покажа дека ќе биде многу повеќе од привремено решение. Ја продолжи серијата со освојување на Скудетото, а веќе во првата сезона го однесе Јувентус во финалето од лигата на шампиони, нешто што за кое Конте тврдеше дека е „утопија“.

Само два меча го делат од историја

За поразот во финалето Алегри и се одмазди на Барселона на најдобар можен начин – по патот до второто финале и ја елиминираше со вкупни 3:0. Неговиот тим делуваше тактички импресивно како да игра против тим од средината на табелата. Името на Алегри би можело да биде запаметено како еден од најславните во богатата историја на овој италијански гигант.

Со победата над лацио во финалето на Купот почна походот на Јуве кон историската тројна круна – нешто што му појде од рака само на Интер во 2010 година со Жозе Мурињо. Во финалето на Лигата на шампиони го чека Реал Мадрид, а во Италија е само на чекот до освојувањето на историското 6-то Скудето.

Од четврта лига до врвот на Европа

Алегри пред Милан го тренираше Каљари со кого остваруваше добро резултати, а деветото место од 2009 година беше неговиот најдобар пласман во 15 години. Макс не прескокнуваше скалила во кариерата – почна во четвртолигашот Аглиенсе каде и ја заврши играчката кариера, а пред Каљари го превзеде тогашниот третолигаш Сасуоло и веднаш го однесе во Серија Б.

Своите квалитети веднаш ги покажа во Милан и уште во правта година стана шампион на Италија, а во Јувентус ја воодушеви Европа со својата тактичка флексибилност. „Старата дама“ подеднакво добро игра како со тројца така со четворица во последната линија, а неговиот тим покрај добрата одбрана покажува и одлична напаѓачка игра со топката во посед.

Алегри денес е дефинитивно еден од најдобрите тренери во светот, а кај навивачите на Јувентус од омразен лик ската вистински идол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…