Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне му ја отвори излезната врата на капитенот Коке, пренесуваат шпанските медиуми.
Симеоне и раководството му порачале на Шпанецот дека на лето слободно може да си бара нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истиот извор наведува дека „јорганџиите“ на лето ќе го вратат Саул Нигез, кој е на позајмица во Челзи, а Коке оваа сезона не игра на добро ниво.
Коке има договор со Атлетико до 2024 година, а „јорганџиите“ се спремни да го пуштат за сума од околу 30 милиони евра.
Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан, па голема е шансата Коке да се пресели во Серија А.