Дома Фудбал Симеоне: Модриќ е клучниот играч на Реал Мадрид!

Симеоне: Модриќ е клучниот играч на Реал Мадрид!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше на пресконференција за утрешното градско дерби со Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Симеоне пред мечот го пофали тренерот Сантиаго Солари и заклучи дека Модриќ и понатаму е клучен играч кај „кралевите“.

„Од доаѓањето на Солари тимот многу се разви. „Кралевите“ имаат длабочина во составот, а во офанзивните позиции можат да сметаат на играчи како Винисиус, Герет Бејл, Лукас Васкес. Плус тука е Бензема кој е во одлична форма“, истакна Симеоне.

„Сепак, сметам дека основа на играта на Реал е Лука Модриќ. Тој е најважниот играч, тој е клучен“, додаде аргентинскиот стратег.

Атлетико ќе го пречека градскиот ривал утре, а моментално „јорганџиите“ имаат два бода прдност пред Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

28-годишен репрезентативец од Манчестер Јунајтед размислува да ја заврши кариерата

Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед и Мароко, Нусер Мазрауи, даде навестување дека Св…