Дома Фудбал Лига на шампиони Силна порака до Кариус: Падот е дозволен, станувањето е обврска!

Силна порака до Кариус: Падот е дозволен, станувањето е обврска!

Убав гест од младиот играч за врска на Реал Мадрид.

Во моментите на големото славје на фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид по повод 13-та титула шампион на Европа се издвојува еден убав гест на Дани Себалос, младиот 21 годишен играч за врска на „кралевите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Себалос преку Твитер испрати порака како поддршка до голманот на Ливерпул, Лорис Кариус кој со два кикса му овозможи на Реал да стигне до титулата.

„Падот е дозволен, станувањето е обврска. Само храбро, пријателу. Во фудбалот секогаш имаш втора шанса. Одиме!“, напиша Себалос.

На ова треба да се истакне и дека ако некој знае како е да немаш поддршка тогаш тоа е Себалос кој не се прослави во премиерната сезона во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бензема договори сензационален трансфер, но го блокираше – Кристијано Роналдо?!

Карим Бензема и Кристијано Роналдо се главна тема во Саудиска Арабија, а и двајцата на нек…