Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс и Брегалница ремизираа без голови

Силекс и Брегалница ремизираа без голови

Во единствениот натпревар од македонската Прва лига кој се играше денес Силекс и Брегалница во Кратово ремизираа без голови.

Двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа. Најголемата прилика на натпреварот ја имаше Брегалница преку Андерсон кој пред крајот на првиот дел не погоди празна мрежа од неколку метри. Дефинитивно ова беше најголемото промашување досега сезонава во ПМФЛ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За Силекс Марко Ѓорѓиевски имаше добра прилика, но голманот Давков го одбрани неговиот удар. Истиот фудбалер на 15-тина минути до крајот со глава ја погоди пречката.

На крајот двете екипи ги поделија бодовите. Утре во рамките од ова 12. коло играат: Вардар – АП Брера, Шкупи – Работнички, Гостивар – Струга, Македонија Ѓорче Петров – Тиквеш, Шкендја – Воска Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…