Спасувачките служби вчера ја прекинаа потрагата по исчезнатиот авион на Емилијано Сала кој патуваше од Нант кон Кардиф.
Сала во изминатиот викенд го комплетираше трансферот во Кардиф и стана најскапото засилување во клупската историја на клубот од Велс. Откако го заврши трансферот тој одлучи да се врати во Нант со цел да се поздрави со неговите поранешни соиграчи, за жал на враќањето од Нант од Кардиф во понеделеникот на неговиот авион му се губи секаква трага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последниот контакт со контролната кула пилотот го имал во 20:00 часот (понеделеник). Деновиве во „Л’Eкип“ се појави и информација дека еден час подоцна пилотот имал обид да објави вонредна состојба, меѓутоа тие информации не се потврдени.
Полицијата од Гернеси пребара 3.000 квадратни метри, наведено беше дека некои делови се пребарани и повеќе пати.
„Во три дена имавме 80 часа лет, прегледувавме сателитски снимки…Ништо не најдовме. Потрагата официјално е прекината“, стои помеѓу другото во соопштението од спасувачките служби.
Потрагата е завршена, но истрагата сигурно ќе продолжи. Затоа што во целиот случај има повеќе нелогични ситуации. Шокантно беше и тврдењето на неговата поранешна девојка која испрати порака дека за неа ова не е несреќен случај.
Од сите случувања четири работи привлекуваат најголемо внимание.
ПРОМЕНАТА НА ПИЛОТИТЕ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ
Пасошката контрола заедно со Сала ја минал Дејв Хендерсон и тој требало да го вози авионот на враќањето во Кардиф. Но, промена се случила во последен момент и на летот место Дејв Хендерсон се качил 60 годишниот Дејв Иботсон.
Сомнителна е и чудната порака на Иботсон на Фејсбук во која му одговара на негов пријател дека е малку „зарѓан“ со инструментите за слетување.
КОЈ ДОЗВОЛИЛ АВИОНОТ ДА ПОЛЕТА ПОСЛЕ ТРИ НЕУСПЕШНИ ОБИДИ?
Авионот на Сала имал дури три неуспешни полетувања, но летото за жал не бил откажан и при четвртиот обид летнал кон небото.
Француските медиуми гласно прашуваат како можело да биде дозволено авион со еден пропелер да лета во такви (зимски) услови.
КОЈ ИЗБРАЛ ВАКОВ АВИОН ЗА ЛЕТ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ?
На почетокот информациите беа дека Сала патувал со авионот на Кардиф. Меѓутоа, тој патувал со изнајмен авион од типот „Пајпер Малибу“.
Овој тип на авиони се едни од најнебезбедните и од вкупно 1.000, 166 веќе се срушиле. Освен тоа 24 од нив биле во последните две децении. Освен тоа во овој тип на авиони нема црна кутии, па така и да бидат најдени остатоците тешко дека ќе дознаеме што се случило. Тука се поставува прашањето зошто Сала брзал и зошто не прифатил лет од страна на Кардиф кој му понудил такво нешто?
ПРОМЕНА НА ВИСИНАТА БЕЗ НИКАКВА НАЈАВА
Како што се официјалните информации, авионот на Сала исчезна во 20:00 часот во понеделникот, на 13 километри од крајбрежјето на Велика Британија. Од информациите на контролната кула, авионот се искачил на 1.520 метри, а потоа без никакво објаснување пилотот побарал да се спушти на само 700 метри. После промената на висината, авионот исчезнал од радарот.
На овие мистерии тешко дека некогаш ќе го добиеме одговорот…