Дома Фудбал Останато Се формира „Европска Премиер лига“ – проект тежок 6 милијарди

Се формира „Европска Премиер лига“ – проект тежок 6 милијарди

Англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Ливерпул започнаа преговори околу формирањето на „Европска Премиер лига“.

Како што пренесуваат британските медиуми, Европската Премиер лига ќе ги вклучува најголемите европски клубови, кои за почеток ќе имаат на располагање финансиски проект од 6 милијарди евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Целиот проект го поддржува ФИФА, а моментално се водат преговори со повеќе од 12 клубови од Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција.

Се очекува лигата да брои 18 клубови и да се игра во „класичните термини за европски фудбал“, а почетокот е планиран за 2022 година.

Најдибрите четири тима ќе играат плеј-оф завршница, а секој клуб ќе добие награден фонд од неколку стотина милијани евра во зависност од пласманот.

Се шпекулира дека од англиските клубови кои ќе влезат во овој проект покрај Јунајтед и Ливерпул се Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aнгличаните го пронајдоа виновникот за поразот на Манчестер Сити. Беше комичен!

Манчестер Сити продолжи со голема криза со пораз од Јувентус (2:0) во шестото коло на Лига…