Евертон е голем и познат клуб. Со девет титули шампион на Англија е еден од најуспешните на Островот, но од неодамна „Карамелите“ се во кругот на оние кои можат да платат најмногу.
Тоа што ова лето се случува во синиот дел на Ливерпул е навистина неверојатно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Знаејќи дека Ромелу Лукаку ќе си замине за големи пари, стручниот штаб започна да купува и не планира да запре. Засилувањата се претставуваат на дневна основа, а вреди да се напомене дека ова не е само обичен тим, туку сериозен.
По Вејн Руни кој веќе се поздрави со поранешните соиграчи во Манчестер и одлучи да се врати дома, англиските медиуми објавија дека Евертон договори уште едно засилување за 36 милиони евра.
Гифли Сигурдсон пристигнува од Свонси.
Овој играч во Тотенхем не ја потврди класата за себе, но минатата сезона во Велс одигра одлично, па се очекува дека ќе ја промени средината.
И тоа да не биде крајот, шпекулациите дека Евертон е заинтересиран за Вергилиј Ван Дајк се уште погласни, откако интересот за овој одличен дефанзивец го повлекоја Сити, Ливерул и Челзи.
Доколку овој трансфер се оствари, тоа ќе биде најголемиот износ кој некој клуб ќе го плати за еден дефанзивец – околу 60 милиони евра.
Ќе видиме, Евертон дефинитивно направи голема работа, а како што стојат работите, се уште не заврши со купување. Силен тим се создава во синиот дел на Ливерпул, кој не се сеќава кога последен пат го освои трофејот.