Мароканецот кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти од академијата на Милан целосно исчезна од фудбалската мапа.
„Кој високо лета, ниско паѓа“, изгледа е реченицата со која најдобро може да се опише досегашниот тек од кариерата на Хашим Мастур.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Овој 19 годишен фудбалер пред околу пет години прв пат и се претстави на јавноста, но се уште не забележал деби во тимот на Милан. Беше на позајмица во Малага и Зволе, но ниту во Шпанија, ниту во Холандија не се наигра.
Сега повторно се врати на „Сан Сиро“ и чека своја шанса, а неодамна за него зборуваше тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо.
На тренерот на Милан му е јасно дека Мастур поседува огромен талент, но и му порача дека мора да престане да се занимава со поставување видео клипови на интернет и во целост да се посвети на тренинзите.
„Зборував неколку пати со него и му кажав дека повеќе познат е по своите видео клипови отколку поради фудбалот. Нема да му дозволам повеќе да го прави тоа, доколку не ме послуша ќе му ги скршам забите“, изјави Гатузо.