Кристиано Роналдо летото 2009 година одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед и за 94 милиони евра потпиша за Реал Мадрид и тоа во тоа време беше рекорден трансфер.
Португалецот во Јунајтед помина шест години и усепа да стане најдобар играч во светот во 2008 година. Меѓутоа сфати дека е време да побара нов предизвик, па кариерата ја продолжи помеѓу „кралевите“.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Тој негов избор се покажа како одличен, Роналдо со Реал освои се што можеше, но во првите сезони не му одеше баш најдобро. Тогаш Барселона предводена од Гвардиола доминираше во Шпанија и Европа, па Роналдо беше под огромен притисок.
За Реал дебитираше неколку недели по потписот на договорот во пријателски натпревар против Шамрок Роверс кој „кралевите“ го добија со 1:0.
Почетниот состав на Реал во тој натпревар изгледаше вака: Дудек, Торес, Пеп, Мецелдер, Марсело, Гаго, Диара, Гути, Кристиано Роналдо, Игуаин и Раул.

Од тој почетен состав во Реал уште е само Марсело. На клупата тогаш беа: Салгадо, Гарај, Хајнце, Дренте, Парехо, Ван Дер Варт, Снајдер, Негредо, Тебар и Бензема кој во финишот од натпреварот го постигна единствениот гол.