Веднаш по објавата дека се откажува натпреварот помеѓу Вардар и Нексе во СЕХА лигата стигна информација од ЕХФ дека нема да се игра ниту натпреварот кој беше закажан за на 21. март кога Вардар требаше да игра со ПИК Сегед.
Денешната прес-конференција на која требаше да се најави натпреварот против Нексе се претвори во прес на кој се се извесуваше за мерките на ЕХФ и СЕХА.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во овие моменти добивме информација дека натпреварот со Нексе е откажан. Пристигна информација и од ЕХФ дека и нивните натпревари се откажани. Повеќе не можеме да кажеме, освен дека ќе ги почитуваме насоките“, изјави извршниот директор на клубот, Давор Стојаноски.