Дома Останати Кошарка Се прости легендарниот Гасол: Коби ме научи како да бидам победник!

Се прости легендарниот Гасол: Коби ме научи како да бидам победник!

Легендарниот Пол Гасол одлучи да каже „доста“ на својата најголема љубов.

На тоа Гасол се одлучи на својата 42 година од животот, после неверојатни 23 сезони. По тој повод организираше прес-конференција за медиумите на која имаше што да каже.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Во текот на долгата кариера работев со многу луѓе и на сите им должам благодарност. Од новинарите кои ме следеа на ова патување поради кои нашата работа допира до многу луѓе, преку навивачите на пружената енергија до физиотерапевтите, спонзорите, менаџерите…На сите сум благодарен. Посебно на Пеп Касал кој ми помогна на почетокот и ме припреми да од светот на едно момче влезам во возрасниот машки свет“.

Зборуваше и за неговата соработка со големиот Коби Брајант.

„Коби би сакал посебно да го истакнам. Баш сакаше да биде тука, но некогаш животот не е фер. Коби ме научи како да бидам лидер, подобар натпреварувач, што значи да се биде победник“, порача Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ-шоу во Кина – доби коњска глава, а дали ѝ одолеа на кока-колата? (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ, ги воодушеви Кинезите со неговото до…