Во 2011 година Новак Ѓоковиќ го освои првиот Вимблдон, а рекетот со кој играше сега е на продажба. Експертите очекуваат дека овој рекет ќе достигне цена од најмалку 20.000 евра.
Таа ќе се одржи на 5-ти и 6-ти септември во Велингборо, град во Англија, во аукциска куќа која е наменета само за продажба на спортски сувенири.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таму го фатила Коредила Мекензи која го чувала сите овие години и сега решила да го продаде на аукција.
„Билетите за Вимблдон таа година ги добив на лотарија, а потоа по финалниот меч дома се вратив со рекетот со кој Новак Ѓоковиќ го освои турнирот. Беше навистина фантастично“, изјави Мекензи за британските медиуми.
Да потсетиме дека по 2011 година Ѓоковиќ освои уште шест титули на Вимблдон, а годинава во големото финале беше поразен од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.