Хондурас не е баш паметен избор за пријателски натпревар, посебно пред големите натпревари, а тоа сега го знаат и во репрезентацијата на Бразил.
Ваквите репрезентации можеби се добри за добивање на самодоверба со победа од висока разлика, но можат и да играат груба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После Аргентина на која и го повредија Меси на Копа Америка во 2016 година поради што ѕвездата на Барселона го пропушти почетокот на првенството на ЈУжна Америка, сега проблеми му создадоа на Бразил.
Во последната проба пред Копа Америка која започнува за четири дена токму во Бразил „Кариоките“ го победија Хондурас со 7:0, но противникот им го повреди Артур
Мело кој за Бразил е важен играч од средината на теренот.
Зарем ваков старт се прави на пријателски натпревар?
https://youtu.be/o4nO3BhNMCU
Медиумите пишуваат дека поради оваа повреда Артур најверојатно ќе ја пропушти Копа Америка. Ќе потсетиме Бразил претходно остана и без Нејмар.