
Како и што се очекуваше откако рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко најави заминување, полека започнаа да се јавуваат првите кандидати за купување на македонскиот спортски бренд.
Да потсетиме, Самсоненко одлуката за заминување ја соопшти откако беше револтиран и разочаран од негативните коментари на фановите кои пристигнуваа после одредувањето на првичните цени за домашниот натпревар против Фенербахче.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Самсоненко е спремен да се откаже од сите три клуба, машкиот ракометен тим на Вардар, женскиот и фудбалскиот клуб. Покрај клубовите се шпекулира дека Самсонеко на продажба ги ставил и спортскиот центар „Јане Сандаски“ и хотел „Русија“.
Како прв кандидат за купување на најголемиот македонски спортски бренд се јави најголемиот производител на лекови во државата „Алкалоид“, пренесува репортер.мк.
Се шпекулира дека договорот е постигнат, а сите формалности би биле завршени по истекот на актуелната сезона.