Полицијата во Лестер не сака да ги прифати претпоставките дека хеликоптерот на сопственикот на клубот Вичај Шривадханапраба се срушил поради нивниот дрон.
Шривадханапраба и уште четири лица загинаа во тешката несреќа кога во саботата 200 метри по полетувањето нивниот хеликоптер се урнал на паркингот до стадионот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега сведоци сугерираат дека проблемот можел да настане поради дронот на полицијата кој го контроирал просторот со околу 32.000 луѓе.
Меѓутоа портапролот на полицијата во Лестер изјави дека нивниот дрон не бил во погон кога хеликоптерот полетал од теренот после натпреварот помеѓу Вест Хем и Лестер.
Во соопштението на Лестер на официјалниот Твитер профил на клубот стои:с
„Ние користевме дрон за јавна безбедност претходно во текот на денот. Меѓутоа, можеме да потврдиме дека дронот не беше во функција кога хеликоптерот полета во вечерните часови“.
Инспектори од сите четири области ја истражуваат несреќата (инженеринг, операција, податоци за летот и човечки фактор).
„Ги пронајдовме снимачите на глас и податоци за летот во неделата попладне еден од нашите инспектори се врати во Фарнброу со снимачите истата вечер. Денес нашите инспектори започнаа со работа и вадење на податоците кои беа изложени на голема жештина поради пожарот после падот“, соопштија инспекторите.