Интер вчера беше елиминиран по изведувањето на пенали од Атлетико Мадрид. Првиот натпревар „нероаѕурите“ го добија со 1:0, но денеска беа поразени со 2:1, а во пенал серијата избраниците на Диего Симеоне беа посигурно.
Пеналите кај Италијанците ги промашија Алексис Санчез, Дејви Класен и Лаутаро Мартинез. Посебно лошо пеналот го изведе Лаутаро кој шутираше високо над голот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По натпреварот се појави видео на кое може да се види дека Аргентинецот некако ја придвижил малку топката пред ударот.
Тоа се случува во последниот чекор. Топката во тој момент се крена од земја, па на крајот Мартинез не можеше да ја удри нака како што сакаше, па таа заврши високо над пречката.
ВИДЕОТО ОД ОВАА СИТУАЦИЈА МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.