Дома Фудбал Во Интер разочарани и лути од ФИФА: Лаутаро заслужи поголема почит

Во Интер разочарани и лути од ФИФА: Лаутаро заслужи поголема почит

Од редовите на Интер изразија разочарување затоа што Латуаро Мартинез не се најде помеѓу 11-те кандидати за наградата „Д“Бест“ на ФИФА.

Интересно е што помеѓу кандидатите е Лионел Меси кој и немаше некој посебен успех во 2024 година.

„Изненадени сме и разочарани што Лаутаро не е помеѓу кандидатите со годината која ја имаше зад себе. Дефинитивно заслужи поголема почит. Ваквото игнорирање е лош знак нас, фудбалерите кои отскокнуваат од другите секогаш треба да бидат наградени“, изјави Марота.

Како и во борбата за „Златната топка“ и тука главни фаворити се Винисиус Жуниор и Родри. Ќе потсетиме престижната награда на „Франс Фудбал“ заврши во рацете на Родри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Фиорентина: Понграчиќ паузира, неизвесен и за Хрватска

Повредата на десниот бут го оддалечува Марин Понграчиќ од терените. Италијанските медиуми …