Дома Фудбал Лаутаро постигна спектакуларен гол и се изедначи со Марадона 🎥

Лаутаро постигна спектакуларен гол и се изедначи со Марадона 🎥

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез се изедначи по бројот на голови со легендарниот Диего Марадона на вечната листа најдобри стрелци во аргентинската репрезентација.

Лаутаро во својот 70. натпревар за Аргентина го постигна својот 32 гол и тој беше навистина спектакуларен.

Пред Мартинез сега на вечната листа се: Ернан Креспо (35), Серхио Агуеро (41), Габриел Батистута (55) и Лионел Меси (112).

Со оглед дека има 27 години нема дилеми дека неколку од фудбалерите пред него на листата ќе ги надмине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…