Откако се појави информацијата дека ирскиот борец Конор Мекгрегор е уапсен пред неколку недели поради напад на негов фан пред хотел во Мајами, сега се појави видео од инцидентот.
Ќе потсетиме, Конор наскоро ќе има судење бидејќи на еден фан му го уништи телефонот пред хотелот додека се обидувал да го фотографира, денес се појави видео.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На истото се гледа како 22 годишниот Ахмед Абдизак го снима Конор со употреба на блиц што на Конор не му се допаднало. Тогаш тој го удри му го зема телефонот и го скрши.
Тоа се случи на 11-ти март оваа година, а овие денови ќе почне и судењето во кое Конор би можел да сноси некакви последици.
Инаку, добра вест за Конор е дека нема да мора да се грижи поради граѓанска тужба на која Ахмед имал право после нападот на славниот борец. Ахмед нема да поднесе таква тужба бидејќи дошло до договор. Медиумите пренесуваат дека Ахмед добил 11.000 фунти за телефонот и претрпениот стрес.
Судењето започнува оваа недела во Мајами, а Конор нема обврска лично да присусвува на истото.
Во продолжение можете да погледнете како сето тоа изгледаше. Може да се забележи дека Конор на крајот откако му го скрши телфонот гордо си замина.
Conor McGregor incident na ulici pic.twitter.com/62WzQCj4L4
— SportSport.ba (@sportsport) April 11, 2019