Дома Трансфер зона Се откажал од богатство во Саудиска Арабија: Откриено колку ќе заработува Ракитиќ во Хајдук

Се откажал од богатство во Саудиска Арабија: Откриено колку ќе заработува Ракитиќ во Хајдук

Иван Ракитиќ ќе го засили Хајдук и овој трансфер е веќе договорен и потребно е да се завршат само одредени формалности за хрватскиот ветеран и официјално да пристигне во Сплит.

Ракитиќ одлучи по епизодата во саудискиот Ал Шабаб да се врати во Европа, па се одлучи за клубот од неговата татковина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Заминувањето од Саудиска Арабија значи и откажување на Ракитиќ од големата заработка во Ал Шабаб каде што добиваше 15 милиони евра годишно.

Јасно е дека Хајдук не може да му понуди ниту приближно толку, а сега хрватските медиуми откриваат колкава ќе биде неговата плата. Неофицијално, платата на Ракитиќ ќе изнесува 600.000 евра годишно.

Тоа е сума со која нема да биде најплатен во тимот на Хајдук бидејќи Марко Ливаја добива еден милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…